Програми

Превентивни програми


Континуирана едукација за подигање на свеста кај целокупното население со цел превенција од употреба на дрога, обуки за антистигма програми, идентификација на групите со висок ризик, развивање на наставни програми за превенција од ХИВ, злоупотреба со дроги, алкохол и други психоактивни супстанци и нивна имплементација во основното и средно образование како составен дел на пошироките здравствено воспитни активности во училиштата.

Програма за намалување на штети


Достапност до до стерилна опрема (игли и шприцеви), дезинфекциски средства, презервативи на интравенските корисници на дрога, Анонимно доброволно тестирање за ХИВ, Хеп. Б, Хеп. Ц., на интравенските корисници на дрога, Континуирани акции за отстранување на употребените игли и шприцеви и нивно безбедно складирање, Дијагноза интервенции и советување од страна на лекар и препраќање до соодветните медицински институции, Советодавна и советувалишна работа од страна на социјален работник заради остварување на право на здравствена заштита и социјална помош.

Програма за сексуални работници


Едукација за превенција од ХИВ и други сексуално преносливи инфекции, Теренска работа помеѓу сексуалните работници.

Програма за прифат, третман и лекување


Супститационата терапија се обезбедува под медицинска контрола на лицата што употребуваат опијати. Замена за опијатите можат да бидат метадонот, бупренорфинот, кодеинот, ЛААМ и тинктура на опиум и хероинските програми. За сега во нашата пракса како супститути се користат метадон и бупренорфин.

Програма за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција


Во рамките на ИЗБОР е основана Тераписката заедница ПОКРОВ е основана заради огромната потреба од ваква институција во нашата држава и пошироко во регионот. Целна група се лица кои имаат проблем заради злоупотреба на дрога и алкохол и хазард.

Програма за бесплатна правна помош


Како субјект на граѓанското општество во нашата општина, секторот за човекови права на здружението Избор повеќе од две децении обезбедува бесплатна правна помош и заштита на човековите права на ранливи и маргинализирани групи на граѓани пред државните институции.